За НАС

Почетоците на МЕБЛОМАК се од 1995 г. со Словенско/Македонски капитал, како овластен застапник и дистрибутер во Македонија за производите на MEBLO Словенија. Денес МЕБЛОМАК е специјализиран салон за мебел за брендовите KLER, VERO, KARE DESIGN, HILDING ANDRES –HESPO и PRIVATE LABEL by Kler. Покрај тоа што ке бидете целосно услужени и максимално информирани за квалитетот, уникатноста и техничките податоци за производите на овие брендови, во нашиот салон можете да се снабдите и со произоводите на ALPLES, O&G и KRISTALIA.


Како во минатото кога бевме застапници за најголемиот и најреномираниот производител на мебел во поранешна Југославиа MEBLO HOLDING | Nova Gorica | SLO, така и денес сме застапници на уште пореномирани и помоќни компании, едноставно кажано, во својата дејност најголемите производители на мебел во Европа (KLER кожни гарнитури | HILDING ANDERS со децении лидер за душеци и KARE DESIGN модерен, ексцентричен и урбан мебел, расвета, теписи, декорации и мн. др. производи за домување и угостителство).

Производите на компаниите кои ги застапуваме пред се сé произведени и дизајнирани исклучиво во ЕУ ! Фабриките се опремени со најсовремени машини од последната технологија и функционираат по најновите организациони трендови, што би значело дека уште при изборот на добавувачи за репроматеријали, осмислувањето, организирањето и водењето од замисла па се до реализција, за секоја дејност се ангажирани врвни професионалци.

Од погоре споменатите производители, освен KARE DESIGN, сите други се 100% произведено во ЕУ со 100% Еколошки сертифицирани репроматеријали од ЕУ, а секако и со строга контрола на квалитет на повеќе точки при целиот производствен процес, а воедно производите подлежат и на повеќегодишни гаранации. Како што спомнавме, повеќето производи на KARE DESIGN се од ЕУ, меѓутоа има дел и од Кина, Малезија, Виетнам, Тајланд, Пакистан, Индија, Индонезија, меѓутоа сите се со КАРЕ стандарди и со сите потребни сертификати од ЕУ.

Значи кај нас, нема да наидете на прозиводи кои се произведени во Кина а увезени преку некоја од ЕУ земјите, и да Ви се нудат на пример како Италијански бидејки имаат Италијанско име или производителот има Италијанско име, а всушност производите немаат допирна точка со Италија !!!

Кај нас се знае вистинското и точното потекло на секој производ, регулирано со многубројни ЕУ сертификати за квалитет и потекло, а секако сите производи се патентирани скоро низ целиот Свет, а со тоа дефинитвно производите се докажани уникати.


Ви благодариме што одвоивте време да го прочитате овој текст, се надеваме дека овие информации ке Ви помогнат при одлуката за опремување на Вашиот дом или работно место, а воедно Ви благодариме и за Вашата заинтересираност за Нас и Нашите производи!

Добредојдени ке бидете доколку се одлучите да не посетите во нашиот салон каде би можеле да ги видите и пробате нашите производи а секако тука сме и за совети и бесплатни 3Д проекти, или пак слободно контактирајте не на меил, тел или фејсбук.

 

Со Почит, 

 

Лена Рајевска

Коосновач и Ген.Директор,

МЕБЛОМАК