За KLER | Луксузни софи

KLER е еден од најголемите производители на луксузни кожни гарнитури во Европа со уникатно полнење на седиштето. Сите репроматеријали се од најврвни добавувачи и докажани фабрики, додека за дизајнот се ангажирани најреномираните дизајнерски атељеа од Италија и Франција. Квалитетот е без компромис и е загарантиран со целосна 5 годишна гаранција (кожа, полнење, седиште, констуркција, механизми...) !

Ценовно производите на КЛЕР во однос на конкуренцијата што се увезува од Италија и Германија се најмалку 25% поефтини (се однсесува на производи од исти ранг).


За повеќе информации Ве молиме прочитајте подолу...

Многу години во компанијата КЛЕР се трудат да направат изврсен мебел, кој ќе ги задоволи сите потреби и желби на секој еден клиент, да Вашиот простор се пополни со посебен мебел кој ќе го направи просторот оргинален и нетипичен.

Добрата рачна изработка (особено рачниот финиш), долгогодишното искуство и посебната грижливост во изборот на материјалите, Ви дава сигурност за долгогодишното користење на мебелот.

Мебелот на КЛЕР  е гаранција без компромис ! Затоа мебелот на КЛЕР има гаранција 5 години на целиот производ!

Како партнер на компанијата КЛЕР во Македонија, нашата визија и мисија е со супериорни квалитетни производи и услуги, генерирајки задоволни и лојални клиенти.

 

ДИЗАЈН | За дизајнот на мебелот на КЛЕР е ангажиран интернационален тим, пред се од најреномираните Италијански и Француски атељеа, кои секогаш не снабдуваат со свежи и нови модели. Производите на КЛЕР се патентирани во целата ЕУ, Америка и Јапонија и затоа се уникатни а не бледи копии. На некој начин низ текот на годините моделите на КЛЕР станаа и дел од една водечка трендовска група на производители на мебел.

КВАЛИТЕТ | Конструкцијата на мебелот е изработена од дрво и метал, посебно издржливи носечки површини. Седиштето е појачано со еластична опруга и тапацирани појаси. Слични конструкциски решенија се применуваат во седиштата на авионите и колите. Така произведениот мебел е удобен и посебно издржлив.

ОБЛОГА / ПОЛНЕЊЕ | Удобноста на мебелот КЛЕР се постигнува со употреба на различни врвсти облоги и полнења кои ја даваат потребната мекост на важните седечки делови, како на пример БОНЕЛ пружини, ОПРУГИ со ЏЕБНО ЈАДРО,  пердуви, латекс и слично.

КОЖА | Кожата е најплеменив, севременски материјал користен при изработка на мебел. Кожата живее, диши, упива и дава влага, менува температура, се прилагодува на околината. Дава чуство на блискост, на допир е еласитчна и мека. Кожата на КЛЕР еднакво добро изгледа на античкиот, како и на современиот мебел. Со текот на годините кожата може да добие ситни брчки, лузни и сл., меѓутоа трагите од користење стануваат знакови на неизмерна убавина, од таму е произлезено тоа да кожниот мебел е добар како виното, со времето станува се подобар и подобар.

Ако е правилно негувана кожата, може верно да Ви служи долго низ годините. Компанијата КЛЕР употребува кожи со најдобар квалитет, како природен материјал, од строго избрани производители кои имаат долгогодишна традиција и се познати насекаде низ светот, а гарантираат и најдобра обработка, боја и финост на материјалот.

Во понудата на КЛЕР можете да најдете преку 200 различни бои на кожа, кои се поделени во групи, а разликите меѓу себе се мекоста, еластичноста и глаткоста. Природната квалитетна кожа има карактеристика на глаткост по нејзината површина. Често има ситни гребнатинки, жигови од различни знакови настанати пред самата обработка. Тие знакови како и брчките и сјајот, сведочат за природното потекло на кожата.
НЕГАТА на кожата према мислењето на стручнаците е многу битен сегмент. Бидејки таа има тенок невидлив заштитен слој, употребувајки лоши односно не адекватни средства што ги има на пазарот, допринесуваат за побрзо оштетување на кожата.
Средствата за чистење и конзервирање на кожа  кои се продаваат во овластените центри на КЛЕР, помагаат при одршување и на најосетливата кожа.
Истотака негативен впечаток имаат високата температура, ниската влажност како и прејак сончев зрак.

 

ДРВО | За производство на дрвените елементи на мебелот на КЛЕР се користата исклучиво трупци стари над 40 години, потоа се сечат на штафни и како такви се чуваат 6 месеци на природна промаја каде после тоа се внесуваат на технолошко сушење во сушари.

Се користат храстово и буково дрво, како и американски орев. 

Храстовото дрво гарантира исклучителна солидност и со неговата посебна структура, доколку правилно се одржува и чува, може да трае и стотина години. Најбитна особина се слоевите (од посветли према потемни) кои создаваат интезивна динамика на изгледот.

Буковото дрво со својата тврдина и посебна структура ја гарантира неговата посебна издржливост. Темните и светли пруги ни зборуваат за промените на временската доба, односно времето во кое растело дрвото.

Американскиот оред е третиот тип на дрво. Ова дрво се карактеризира со чворови во облик на цвет. Крем смеѓа боја преплетена со пруги, која преминува од темносмеѓа во светлосмеѓа боја. Структурата ја сочинуваат влакна со валовити слоеви.

 

ЧЕЛИК | Кај производите на КЛЕР се користи челик со трите најбитни особини:

А) традиционално обоен челик, галвански обвиен

Б) Челик создаден за поголема издржливост по начинот на траење

В) Челик кој не рѓа-најиздржлив по структура на трајност

Прецизно и естетски изработените елементи од челик ни се овозможени од различните и најнови технологии кои се користат при производниот процес во фабриката на КЛЕР. Тоа е навистина важно посебно кај изработката на деталите.

 

За повеке технички информации повелете во нашиот салон каде производите на КЛЕР може да се купат со многу поевтини цени отколку во соседните земји.

http://www.kler.eu